put in order - онтологија

поднареди повеќе

поднаредат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во добра состојба малку, донекаде.
Албански: rregulloj
Примери:
Ја поднаредивме куќата со сѐ во неа.

понареди повеќе

Види и: нареди (св.)
понаредат
Вид збор: Глагол, свршен
Нареди, среди, расчисти донекаде некоја работа, несогласувања и сл.
Албански: rregulloj
Примери:
Ја понареди работата и сега му е лесно да зборува.

поправи повеќе

поправат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе нешто во ред.
Албански: përmison
Примери:
Само тој би можел да ја поправи оваа ситуација.

потсреди повеќе

Види и: среди (св.)
потсредат
Вид збор: Глагол, свршен
Среди малку, во мала мера.
Примери:
Се бара најнапред да се санира разурнатото, да се потсредат внатрешните делови, па дури потоа да се продолжи.

среди повеќе

средат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во ред.
Албански: rregulloj
Примери:
Среди си ги книгите.

суправи повеќе

суправат
Вид збор: Глагол, свршен
намести, среди, дотера (куќа, дом)
Албански: rregulloj
Примери:
Прво ќе ја очистеше куќата, ќе ја суправеше убаво.